Политика за поврат и рефундација – Tobacco Lux
Право на одустапување од договор
Секоја купопродажба направена преку нашата онлајн продавница се смета за договор на далечина. Согласно Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да се откаже од договорот без наведување причина во рок од 14 дена од денот на приемот на производот.
Услови за поврат
За да биде прифатен повратот, производот треба да биде:
некористен и во иста состојба во која е примен
во оригинално и неоштетено пакување
придружен со фискална сметка или доказ за купување
Постапка за поврат
За да го остварите правото на поврат, потребно е да нè известите преку е-пошта или телефон со следните информации: број на нарачка, име и презиме, како и причината за поврат (опционално).
Производот треба да биде вратен без непотребно одложување, најдоцна во рок од 14 дена по известувањето.
Рефундација
По приемот и проверката на вратениот производ, Tobacco Lux ќе изврши рефундација на уплатениот износ најдоцна во рок од 14 дена. Рефундацијата ќе биде направена со истиот начин на плаќање што бил користен при купувањето, освен ако не се договориме поинаку.
Трошоци за поврат
Директните трошоци за враќање на производот ги сноси купувачот, освен во случаи кога производот е неисправен, оштетен или испорачан по грешка.
Замена на производ
Наместо рефундација, купувачот може да избере замена за друг производ со иста или повисока вредност (со доплата).
Рекламации
Доколку примите оштетен или погрешен производ, ве молиме контактирајте нè веднаш. Во случај на оправдана рекламација, трошоците за враќање се на товар на Tobacco Lux.
Tobacco Lux го задржува правото да ја измени оваа политика во секое време, во согласност со важечките законски прописи.